Норвешкиот клуб Колстад ги промовираше шесте големи засилувања.

Сандер Сагосен денеска се појави на промотивната прес конференција на норвешкиот клуб Колстад од Трондхајм и се декларираше како нивни ракометар, од сезоната 2023.
Заедно со Сагосен на прес конференцијата беа и уште две големи норвешки ѕвезди - Магнус Род и Троборн Бергеруд. Бекот на Флензбург исто како и Сагосен во Колстад ќе се пресели во 2023, а голманот на ГОГ Гудме уште на крајот на оваа сезона.
Тоа е само половина од засилувањата, за играчи на Колстад и тоа од 2022 денеска беа промовирани и Сигвалди Гудјонсон (Келце), Магнус Гилеруд (Магдебург) и Јанус Смарасон (Гепинген).
Целта на клубот е до 2024 да стане шампион на Норвешка, а потоа и да тргне кон освојување на Европа.