Кузмановски: Египет е екипа што најмногу напредуваше

Филип Кузмановски оптимистички гледа кон иднината на македонската репрезентација. Доаѓаат големи предизвици, мора да се крене нивото за да се биде конкурентен. Многу работа е пред екипата, но работите одат како треба. 




„Мораме да знаеме дека поискусните играчи ќе ја завршат кариерата, некои тоа ќе го сторат по завршување на оваа сезона. Но, доаѓаат и млади сили и колку што следам што се случува во македонското првенство, имаме млади играчи со добар квалитет, тоа го покажуваат на терен.
Утре ќе се комплетираме, ќе пробуваме многу работи. Египет е според мене, идеален противник, во последните три години никој не напредувал толку брзо.
Со Лазаров ќе имаме многу нови работи, ќе има промени и во напад и во одбрана. Не знам што ќе работиме, но ќе има новитети. Мислам дека ќе го имаме истиот систем како Египет, можеби и подобро од нив. Лазаров тој работел со врвни тренери, во Шпанија, Франција. Против Египет ќе пробаме дел од тие новитети, можеби брз напад, брз центар. Но сигурно нема да откриеме се. Знам дека ќе биде подобро од претходно. Веруваме во себе, можеме да направиме се“, вели Кузмановски.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk