Лазаров: Имаме јасен план, знаеме што треба да правиме

Македонските сениори денеска ја имаа првата средба, пред патот за Египет каде што ќе одиграат два контролни натпревари со олимпискиот полуфиналист.



Селекторот на репрезентацијата, Кирил Лазаров, зборуваше за плановите на сениорскиот тим во престојниот период. 

„По натпреварите од квалификациите за ЕП, направивме комплетна анализа заедно со стручниот штаб. Имама анализирано, простудирано, запишано кои се добри работи, што треба да се промени. Имаме јасен план како треба да одиме напред за да го дочекаме спремни ЕП. Јас сум задоволен од тие натпревари и морам да ги пофалам момците. Имаме простор за напредок и треба да бидеме многу трезвени, затоа што ни претстои голем предизивик. 
Инсистирав кога баравме противници тоа да бидат екипи од топ класа. Не беше лесно со оглед на конекциите и ковид. Прва опција ни беше Шпанија, но моравме да патуваме со три лета и автобус и за жал не се договоривме. Египет е добра опција, играа полуфинале на Олимписки игри.
Клише е да кажам дека резултатот не ни е битен - се ни е битно. Максимално ќе ја искористиме неделава. Ќе се базираме на неколку моменти, не можеме на се. Кога ќе се собереме во декември ќе уфрлиме нови работи. Не чекаат сериозни противници, друго е квалификации, друго е турнир. Овде секој натпревар, секоја грешка може да биде одлучувачка. Египет според наши информации ќе биде комплетен“, вели Лазаров. 

Ден по сензационалниот меч во Битола, не може да се избегне топ темата, особено во во Е. Пелистер 2 играат многу потенцијални репрезентативци. 

„Ме радува и допрва ќе ме радува тоа што се случува, проекти како Е. Пелистер 2, Алкалоид...Уште еднаш, не затоа што сум дел од РФМ, туку едноставно мора да се пофали одлуката да ги вратат назад во првенството екипите на Вардар и Е. Пелистер. Ако не беше така, ова вчера немаше да се случи и ќе останевме без задоволството да го видиме ова и ние како стручен штаб и вие како медиуми. Ќе останеше СЕХА без натпревари и така не можеш да напредуваш. 
Ме радува, но тоа е процес. Тие деца пред само една недела загубија од Тиквеш дома, загубија бод од Струга... Ме радува нивната игра, но внимателен сум. Комплицирано е да се работи со млади категории, имаат осцилации“, вели Лазаров.

Околу опциите за подмладување за ЕП 2022..

„Овие играчи треба се уште трба да ме убедат. Словенија, Данска и Црна Гора се екипи со кои една грешка и еден психолошки пад може да чини натпревар. Ова ни е се уште транзиција, но сметаме на новитети.Затоа списокот е поширок, треба да знаат играчите, за да спремни дека можеби ќе треба да одговорат на предизвикот. Видовте што ни се случи со Манасков. Дејан е Дејан, зборуваме за играч што може да земе топка и без стратегија без ништо да допринесе на мечот.
Зборуваме сериозно за работата со млади категории. Мораме да се угледаме на Франција и нивните центри за формација. Разговараме на таа тема со раководните во федерацијата. Тие таквите центри за формација, стануваат физички надмоќни по 15-тата година. Потоа само ги ставате во калап и им вбризгувате тоа што треба. Погледнете го само Дика Мем
Резултат ќе има, можеби сега. Но и да биде така не значи дека сме завршиле работа. Мора да се воспостави континуитет“, изјави Лазаров. 

Од друг, агол, Нант смени тренер дали има комбинација да останете таму?

„Можеби ќе звучи смешно, но јас се уште имам понуди да продолжам да играм. Можеби не од Топ клубови, но... Но, мислам дека тоа нема да се случи. Иднината не може да се предвиди, не сакам да кажам нешто, потоа да менувам.
Имам идеја и концепција и ќе се држам до тоа. Ковид смени многу работи, можеби ќе ја завршев кариерата лани, но не сакав да се простам во празна сала и со клуб и со репрезентација. Во Нант се случија некои работи, но Нант е голем клуб, има свои планови како понатаму.  Јас сим имам коцепција и ќе се држам до тоа. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk