„Славата“ на Вардар по поразот од Е. Пелистер 2 низ европските медииуми траеше кратко. Веднаш беше засенет од Кил.
Уште не стигнаа да се изначудат нашите европски колеги за синоќешната сензација во Битола и да пребројат кој се играл и не играл за Вардар, веќе стигна нова занимација.
Кил го запиша четвртиот натпревар беа победа во Германија што е низа каква што немал цели 18 години. Синоќа Кил плати сметка за силниот ритам, беше совладан од Либеке (25-29) како гостин и сега нивното заостанување зад лидерот Магдебург е четири бода и натпревар повеќе. На овој натпревар играа и Сагосен и Вајнхолд и Винцек, а на Либеке му недостасуваа четири ракометари.
Со други зборови, по РНЛ, Флензбург сега и Кил се отпиша од трката за шампионската титула.
Сега и барем во догледно време во иднина, таа трка има само двајца кандидати. Магдебург и Фуксе Берлин.