Сензација: Вардар загуби од Е. Пелистер 2!

Е. ПЕЛИСТЕР 2 - ВАРДАР   27-26 (14-11)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола Гледачи: 2.000 Судии:Рубин Седлоски и Горан Ангелески (Прилеп-

Еурофарм Пелистер 2: Трајкоски, Јовановски, Ристевски, Кузманоски 4, Пав. Атанасијевиќ 6, В. Димитровски 1, Петровиќ 4, Андонов, Димитриоски 3, Димитровски, Талевски 1, Пет, Атанасијевиќ 2, Ѓорговски 1, М. Ѓукиќ 2, Блажевски, Арсеновски 3
Седмерци: 7/3 Исклучувања: 12 минути

Вардар 1961:Томовски, Стоилов 1, О. Њокас 1, Моралес 4, Георгиевски 6, Карапалевски 2, Савревски, Тото 6, Гаџа 1, Талески 2, Крстевски, Д. Ѓукиќ 3, Атанасовски, Ќосевски, Мишевски
Седмерци: 6/4 Искчлучувања: 12 минути



Сензација во Битола. Еурофарм Пелистер 2 го совлада Вардар 27-26 и му го нанесе првиот пораз во домашното првенство.

Проектот Е. Пелистер 2 го даде најубавиот подарок на битолската публика. Вечерва, во „Боро Чурлевски“ падна  Вардар. Младите битолски ракометари, денеска ја заслужија целата слава. Игра се бореа, знаеја што сакаат и тоа го докажаа на теренот. Вардар, пак, кој неколкупати вака се има враќано во игра, вечерва ја плати сметката.
Вардар поведе 1-0 и потоа за време на целиот натпревар резултатот го диктираше Е. Пелистер.

Во текот на првиот дел беше 5-2, 9-6, најголемите плус пет беа 12-7, а на одмор се замина со резултат 14-11. Немаше кам бек на Вардар во второто полувреме. Битолчани постојано го диктираа резултатот, но во финишот скопскиот состав имаше шанса за пресврт. Прв пат Вардар израмни во 58 минута (24-24), потоа беше и 25-25, но следните два гола завршија во мрежата на Томовски. 
Вардар, на крајот успеа само да намали на 26-27, но не и да се доближи резултатски. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk