Алкалоид запиша две победи, триумфален старт на младинците

Екипата на Алкалоид во седмото коло од Првата лига, го совлада тимот на Куманово, а денеска и младинската екипа со победа го комплетираше викендот.



Лидерот на прволигашката табела, Алкалоид ја запиша седмата победа по ред, откако на доста интересен натпревар го совлада борбениот состав на МРК Куманово, 38-26 (18-14).
Гостите беа борбен противник во текот на целиот натпревар, но Алкалоид имаше подобра колективна игра и иако ова му беше досега најголем предизвик, без резултатски неизвесности со силен финиш стигнаа и до убедлива разлика. 
Денеска на победничката патека им се приклучи и младинската екипа која го совлада тимот на Вардар 1961. Избрниците на Бранко Ангеловски доминираа на денешниот меч со црвено-црните. По воведните израмнети 5-5, со серија од 5-1 стигнаа до 10-6, а потоа до полувремето разликата ја зголемија на 19-13. 
Во вториот дел, уште беше поиразена доминацијата на бело-сините и на крајот запишаа победа од 36-27. 

Седма победа во Првата лига група „Б“ оствари и екипата на Голден Арт. Ланскиот суперлигаш немаше проблеми со екипата на Текстилец и победи со 36-15. 
Во следното коло вкрстуваат Алкалоид и Голден Арт на натпревар што е дерби на овој дел од сезоната во групата. Веднаш по дуелот со Голден Арт, Алкалоид ќе игра и со третиот голем кандидат за Плеј оф - Јуниор Кисела Вода кој има еден пораз. 

Во групата „А“ денеска се играат натпревари. Драчево е лидер со 15 бода, а го следат Вардар Неготино и Младост Богданци кои имаат по 12 бода и натпревар помалку. Јехона исто така има 12 бода. 

Викендов стартуваа со натпреварување Младинските шампионати на Македонија во машка и во женска конкуренција. Комплетните резултати ќе ги објавиме по комплетирањето на колото. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk