Лазаров утре ја собира репрезентацијата

Селекторот на македонската сениорска репрезентација, Кирил Лазаров, утре ќе ја има првата прозивка на сениорскиот тим со што официјално ќе почнат подготовките за ЕП 2022. 



Кирил Лазаров на списокот на повикани играчи има 22 ракометари и десет плус што се на резервниот список. Македонија ќе патува во Египет каде што ќе игра контролни натпревари со избраниците на екс-вардарецот Гарсија Парондо. Египет се подготвува за настап на Африканскиот шампионат во Мароко, кој се игра во ист временски период како и Европското првенство во Унгарија и Словачка. 
Натпреварите се закажани да се одиграат на 4 и 6 ноември, во Каиро,а според информациите од Египет противникот на Македонија во своите редови ќе ги има и интернационалците. 

Ако го исклучиме отсуството на Дејан Манасков, Кирил Лазаров нема други поголеми проблеми со составот, иако утре сигурно нема да бидат пристигнати сите повикани играчи. 

Македонија на ЕП 2022 ќе игра во Унгарија (Ддебрецен), во групата „А“ заедно со репрезентациите на Словенија, Црна Гора и на Данска. Две репрезентации продолжуваат во главната рунда, две се враќаат назад. 





 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk