Дербито за Т. Пролет, Е. Пелистер сигурен со Металург

РЕЗУЛТАТИ
Т. ПРОЛЕТ - ОХРИД    25-24 (11-11)
Пецаковски 8, Андоноски 5 - Додиќ 9, Кривокапиќ 6
МЕТАЛУРГ - Е. ПЕЛИСТЕР   25-38 (11-21)
Озтурк 9, Хорват 7 - Маркоски 5, Маџовски 5, Павлетиќ 5
БУТЕЛ СКОПЈЕ - СКОПЈЕ 2020    28-14

ПРИЛЕП - РАДОВИШ    35-28 (20-17)
Павлов 10, Чантурија 6 - Постолов 9, Ристов 5
Денеска играат:
18:00   Е. ПЕЛИСТЕР 2 - ВАРДАР
19:00   ТИКВЕШ - СТРУГА




Пролет го совлада Охрид во резултатски најинтересниот натпревар од тековното коло. Охриѓани брзо се рехабилитираа по мечот со Металург, пружија сосема поинаква партија во Скопје и не беа далеку од бод. Но, во финишот чекор напред беше домашниот состав. Во последната минута Пецаковски погоди за 25-23, веднаш вратија гостите, но имаше малку време преостанато и Пролет умешно ја задржа топката за победа и бодови со кои се зацврсти на третото место на табелата. 

Хари Павлов имаше своја вечер на дуелот со Радовиш и со 10 гола беше првиот стрелец на екипата на Прилеп во победата од 35-28. Радовиш пружи добар отпор, во последната четвртина беше на само минус два (25-27), но не дозволија изненадување играчите на Горан Кузманоски, па брзо ја вратија безбедната ситганца од 4-5 гола актуелна во поголемиот дел од второто полувреме и во финишот уште и ја зголемија разликата. 

Е. Пелистер имаше сигурен настап во Автокоманда против Металург. Не им појде од рака на домашните ракометари да повторат партија како претходните три. Битолчани беа фокусирани и умешно казнуваа, па уште во раната фаза (5-6) со серија од 6-1 се одлепија на солидна дистанца (6-12), а Металург со тенкиот ростер со кој располага немаше сила да брка приклучок, па средбата отиде и во двоцифрена разлика уште на полувремето. 

Бутел Скопје уште во првиот дел (14-6) го скрши отпорот на дебитантот Скопје и немаше проболеми да стигне до својата шеста победа, со која изби на четвртото место, пред екипата на Е. Пелистер 2. 
Скопје 2020, пак, останува единствената екипа што досега се нема израдувано на освоен бод. 

ТАБЕЛА: 1. Вардар (24 бода, -1 меч), 2. Е. Пелистер (24 бода), 3. Т. Пролет (21), 4. Бутел (18), 5. Е. Пелистер 2 (16 б, -1 меч), 6. Охрид (12), 7. Тиквеш (12 б, -1 меч). 8. Прилеп (12), 9. Металург (9), 10. Струга (4 б, -1 меч). 11. Радовиш (3). 12. Скопје 2020 (0). 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk