Ковид стоп во Букурешт, Динамо без публика

Голем хендикеп за романскиот шампион Динамо Букурешт во пресрет на вечерашниот меч со Веспрем на домашен терен.



Помалку подзаборевни се празните сали што беа актуелни ширум Европа. Но, битката со Ковид не само што не е завршена, туку деновиве добива на интензитет низ целат Европа и полека почнуваат да се враќаат непопуларните мерки.

Динамо Букурешт денеска ќе мора во празна сала да го игра својот натпревар од Лигата на шампионите со Веспрем. 
Романците се познати како бучна и агресивна публика што му дава сила на својот, а ја одзема на противничкиот тим. Особено кога гостува тим како Веспрем кој од една страна е пријателски поради нивната нераскинлива врска по трагедијата со ракометарот Козма од пред 12 години, а од друга страна кога играат Романци против Унгарци, го има и тој ривалитет што е не е многу пријателски, а е препознатлив за овие простори. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk