Келце го збриша ПСЖ, бодови и за Сегед

Неодамна пишувавме за разликите што во (модерниот) ракомет што ги носи системот, вечерва се играше дуел што е типичен пример за потврда.



Келце му држеше 60 минутен час по модерен ракомет на најскапиот состав на денешницата, ПСЖ. Многу убаво можеше да се види како дејствува тимот на Талант Душебаев. Со години создава нешто во Полска некогашниот репрезентативец на СССР и Шпанија. Имаа многу проблеми, сега се чини дека веќе се на пат за Келн. 
Моќно изгледаше полскиот шампион. Секој ја вршеше својата работа и од секаде имаше закана за Винсен Жерар. Особено од играчите што не звучат многу ѕвездено како Симон Сичко и Артјом Каралек. Карачиќ и Душебаев си „везеа“, Дилан Наи сега има многу позапазена улога отколку што имаше во ПСЖ и генерално се беше како подмачкано.

Во тимот на ПСЖ, се чинеше дека играат сам по сам. Тргна Никола Карабатиќ, потоа презема Елоим Пранди, се изнатрча и Лук Стајнс, а иако речиси и да не влезе на терен, најдобар стрелец си беше Микел Хансен, си ги редеше пеналите.
Даинис Криштопанс се разгоропади во еден краток период, но пред да фати залет џиновскиот Летонец, направи три грешки, а токму тие го запреа ПСЖ во налетот во вториот дел. 

Резултатки Келце постојано беше на разлика не помала од пет гола. Освен во погоре споменатиот период кога ПСЖ разликата од пет на полувреме ја намали на само два разлика во вториот дел. 

Бодови освои и ПИК Сегед кој му го нанесе вториот пораз на Алборг. Вечерва во Унгарија, Сегед се оправда за поразот од Елверум од пред две кола. 

РЕЗУЛТАТИ
КЕЛЦЕ - ПСЖ   38-33 (19-14)
ПИК СЕГЕД - АЛБОРГ   31-28 (17-13)


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk