Парондо ги собира вардарците во Мелзунген

Во исчекување на потврда или демант на информацијата дека Рожерио Мораеш ја напушта Бенфика на крајот на сезоната и ќе оди кај Роберто Парондо во Мелзунген, друг вардарец веќе стигна



Рускиот ракометар Глеб Калараш кој се прослави со играњето во Вардар, има  нов клуб и старо-нов тренер. Калараш го раскина договорот со екипата на Балинген и веќе во недела ќе настапи за екипата на Мелзунген, тим каде што од неодамна тренер е Роберто Гарсија Парондо, тренерот со кој Вардар во 2019 стана европски првак. 
Калараш во Балинген дојде како слободен ракометар и требаше да пополни празнина настаната со повредени играчи. Во меѓувреме хрватскиот пикер Кристијан Беќири заздраве и тоа порано од очекуваното, па на Балинген не му беше проблем да ја прифати понудата што стигна од Мелзунген. 





 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk