Кил без трета ѕвезда: Винцек не е во тимот!

ЕХФ ги објави на својата страница официјалните состави за дуелот од Лигата на шампионите меѓу Вардар и Кил. Кај Германците недостасува трето големо име.


Познати се составите со кои вечерва (20:45) на теренот во „Јане Сандански“ на меч од Лигата на шампионите, ќе истрчаат екипите на Вардар и Кил. 
Измени има во составот на германскиот тим. Покрај Сандер Сагосен и Штефан Вајнхолд за кои знаевме дека нема да играат во Скопје затоа што не ни допатуваа и се во карантин, во тимот на Кил го нема ниту Патрик Винцек. 

Пикерот на гермнската репрезентација, барем според фотографиите што ги објавија од пред заминувањето беше меѓу патниците што се качија во авионот. Зошто го нема во официјалниот записник, засега не би можеле да кажеме. 

Во секој случај, доколку Винцек не е на теренот, тоа многу ја менува сликата, затоа што се работи за ракометар што игра два правца и има и тоа како голема улога во одбраната на Кил. 

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk