Урош Брегар ја плати сметката на Крим во ЛШ

Словенечкиот првак Крим, не игра како што се очекуваше од нив пред почетокот на сезоната. По пет кола во Лигата на шампионите има само една победа.



Сметката за слабата игра на Крим и поразите во четири од пет одиграни натпревари ја плати тренерот Урош Брегар. Во принцип е најлесно така, а и негова е одговорноста за неубедливите изданија на тимот. 

Во прв момент, на клупата на Крим на местото на Брегар ќе биде неговиот досегашен асистент, легендарната ракометарка од претходната ера на женскиот ракомет - Наталија Дерепаско. Таа е клупската легенда на Крим, а имаше настапи и за репрезентациите на Украина и Словенија. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk