КАДЕТЕН ШАФХАУЗЕН - Е. ПЕЛИСТЕР 28-28 (16-11)
Е. Пелистер: Шекели, Кизиќ, Периќ 6, Маркоски 4, Мандалиниќ 4, Граџан 4, Божиќ-Павлетиќ 3, Мараш 2, Обрадовиќ 2, Велковски 1, Маџовски 1, Танкоски 1, Ојлески, Радовиќ, Кукоски, Костески,
Битолчани со голем бод се враќаат од Швајцарија. Е. Пелистер одигра нерешено 28-28 со гол што Јосип Периќ го постигна со звукот на сирената. Радоста на битолчани на теренот огромна, а и треба да биде затоа што овој меч беше предвиден за пораз по само 10 минути игра.
Уште еднаш очајно стартуваше Е. Пелистер. Се редеа грешка по грешка, а Кадетен поведе со 5-0 и притоа имаше и три зицери што не ги искористи. Ако беа малку пофокусирани ќе имаа двоцифрено водство уште пред битолчани да се освестат.
Е. Пелистер првиот гол го постигна по девет минути игра, а Швајцарците се задоволија со разликата која максимално изнесуваше осум разлика и го успорија ритамот. Пелистер намали на пет до полувреме и се виде дека се враќа во живот.
Во вториот дел домашните кратко ги држеа битолчани под притисок и потоа одново изгореа со ритамот и му дадоа шанса на Пелистер да се врати. Се разиграа Манадалиниќ, па Периќ и Малку по малку, се топеше предноста на домашните, тренд почнат на 15 минути до крајот.
„Ни недостигаат четири-пет повредени играчи. Не успеавме да издржиме до крајот“, рече тренерот на Кадетен по натпреварот.
Во финишот имаше драма, домашните при 28-27 напаѓаа, беа пасивни, но не издржаа нервите на битолчани и Танкоски направи наивно исклучување затоа што не држеше пропишана дистанца со што им даде шанса на Швајцарците топката да ја држат до крајот.
Но, Кадетен, частеше бод. Новиот асистент на нивната клупа, Џуан Кањељас не винимаваше на измените. Кадетен имаше играч помалку, се заборави во напад тргна комплетен и им беше одземена топката и доделено ново исклучување.
Битолчани тргнаа по израмнување, акцијата не ветуваше, но Периќ со шут од девет метри погоди во мрежата за голем бод за Пелистер.