И Црна Гора ги отвори картите

По Данска и Словенија, го знаеме составот и на третиот противник на ЕП 2022 - Црна Гора.



Зоран Рогановиќ, селекторот на Црна Гора повика 17 ракометари за гостувањето на неговата репрезентација во Тунис за време на Неделата на ЕХФ. 
Има познати имиња во црногорскиот тим, почнувајќи од голманот Небојша Симиќ преку бековите Бранко Вујовиќ и Стефан Чавор, па и организаторот Божо Ангелиќ кого имавме можност една сезона да го гледаме и како играч на Металург. Мирко Радовиќ, ракометарот на Е. Пелистер е повикан за оваа акција. 

Црна Гора  и претходно имала звучни имиња во националниот тим, но како колектив не се покажале во најдоброто светло, па согласно тоа и нивните резултати не се нешто посебно. 

За Неделата на ЕХФ; Рогановиќ ги одбра следниве ракометари:
Голмани: Небојша Симиќ, Миле Мијушковиќ и Никола Матовиќ.
Крила: Мирко Радовиќ, Марко Ласица, Филип Вујовиќ и Милош Вујовиќ
Пикери: Лука Вујовиќ, Небојша Симовиќ
Бекови: Стеван Вујовиќ, Бранко Вујовиќ, Ристо Вујачиќ, Стефан Чавор, Милош Божовиќ, Арсеније Драгашевиќ, Божо Ангелиќ и Радојица Чепиќ. 

Македонија на ЕП на 13 јануари ќе игра со Словенија, на 15 со Црна Гора и на 17 со Данска, во рамките на групата. Потоа во зависност од пласманот или ќе продолжи во главната рунда (1/2 место во групата) или се враќа дома (3/4 место во групата).

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk