Кил и во Скопје ќе настапи без двајцата многу важни ракометари. Сандер Сагосен и Штефан Вајнхолд.
Сандер Сагосен и Штефан Вајнхолд нема да бидат дел од екипата на Кил која утре ќе истрча на теренот против Вардар на меч од Лигата на шампионите.
И двајцата се се уште во карантин, објави Кил на нивната веб страна и Филип Јиха ќе мора без нив да се спротивстави на Вардар.
Треба да напоменеме дека Кил одигра три натпревари без Сагосен и Вајнхолд и не победи ниту еднаш. Ремизираше со Лемго и со ПИК Сегед, а беше поразен од Магдебург на домашен терен.