ИХФ: Нови правила за менаџерите

За Светската ракометна федерација од следната година нема да бидат валидни договорите на клубовите со менаџерите.



Менаџерите односно агентите на ракометарите од следната година пари ќе можат да земаат само од играчите. ИХФ веќе нема да признава договори со кои менаџерите наплаќаат пари од клубовите. 
Нормално, никој нема да може да ги спречи да продолжат интерно да се договараат, но во договорите за трансфери на играчи, нема да постои можност менаџерот на наплаќа од клубот што во моментов е случај. Така, кога ќе дојде и до конфликт на релација клуб-менаџер, ИХФ нема да биде медијатор ниту ќе го интересира таков случај.
Менаџерите пак, ќе мораат да добијат лиценца од ИХФ за да можат да ја вршат својата работа под капата на ИХФ. 
Ова е договорено на релација ИХФ - ЕХФ - Форум Клуб Хендбал и ќе биде важечко од 1 јули 2022 година.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk