ТРАНСФЕРИ: Си одат Ентрериос, Хајнефетер...

Денеска е официјализирано дека Шпанецот Алберто Ентрериос по 10 години во кои беше и играч, а подоцна и тренер на крајот на сезоната ќе го напушти тимот на Нант и ќе го преземе водењето на екипата на Лимож. 
Нант е „затечен“ со ваквиот развој, не очекуваа таков потег од својот тренер и засега немаат одбрано по кој пат ќе тргнат.



Официјализиран е и трансферот на полскиот голман Адам Моравски во Мелсунген. Сега се знае и кој од двајцата голмани заминува. Тоа ќе биде Силвио Хајнефетер, германскиот репрезентативец, додека Црногорецот Небојша Симиќ останува на голот на оваа бундеслигашка екипа. 

Од екипата на Мелсунген ќе змаине и 41 годишниот исландски бек Александер Петерсон. Неговото место следната сезона ќе го заземе хрватскиот леворак шутер Иван Мартиновиќ.

Драшко Ненадиќ, српскиот интернационалец и брат на ракометарот на Веспрем Петар Ненадиќ потпиша за екипата на Ц. Звезда. За Драшко Ненадиќ заинтерсираност покажуваше и македонскиот клуб Металург. 

Шведското крило Никлас Екберг и хрватскиот бек Домагој Дувњак ја продолжија верноста кон Кил и остануваат таму најмалку до 2024 година. 

Исланѓанецот Теитур Ејнарсон го напушта шведскиот Кристијанштад и во продолжението на сезоната ќе игра за екипата на Флензбург која има многу проблеми со повредени ракометари. 
Флензбург потврди дека е продолжен договорот со тренерот Маик Макула за ови четири години, односно до 2026 година. 
Нов договор со Флензбург потпиша и повредениот десен бек Франц Цемпер.

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk