И големиот Кил падна пред Магдебург

Централен настан во денешната ракометна понуда на светско ниво беше дуелот меѓу Кил и Магдебург, на теренот на Кил.



Бундес дербито меѓу Кил и Магдебург беше меч достоен за финале на Лига на шампиони. Кил ги израдува своите фанови со потписи на Домагој Дувњак и Никлас Екберг до 2024, но Магдебург ги израдува своите фанови со победа од 29-27 на гостински терен со што избега на +4 бода од шампионот Кил. 

Средбата беше битка на два тима што многу добро знаат што прават на теренот, но системот на Бенет Вигерт се покажа посилен. Толку силен што ниту црвениот картон на клучниот плејмејкер Марко Безјак уште во 34 минута, при нерешен резултат не го исфрли од ритам неговиот тим. 
За волја на вистината и Филип Јиха има алиби, во тимот не беа две силни карики, Сандер Сагосен и Штефан Вајнхолд кои одбројуваат до излегувањето од Ковид-карантин.

Резултатот беше тесен сите 60 минути, но изостана драмата во финишот. Магдебург имаше (пре)долг напад при 28-27 што на крајот резултираше со седмерец и гол за 29-29 во последнта минута. Кил тргна во напад и веднаш ја загуби топката, по што победникот беше заверен. 

Магдебург, сега за нецел месец има победи над Алборг, Барса, Флензбург, Мелсунген и Кил..

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk