Филип Лазаров е нов асистент на Јоновски

Поранешниот македонски репрезентативец Филип Лазаров почнува нова кариерата во ракометот. Тој од вчера е на клупата на клубот Интерактив Хендбал во Германската регионална лига. 



СГ Ратинген замина во историја, клубот во кој своевремено играа тројца познати македонски репрезентативци (Аце Јоновски, Филип Лазаров Петар Ангелов) сега има ново име. Се вика Интерактив Хендбал.

Интерактив по пет некомплетни кола е на првото место на табелата во моментов, со три победи, еден пораз и еден нерешен резултат, а вчерашната победа од 33-28 над екипата на Лангенфелд беше посебна по еден друг момент. 

Филип Лазаров, познатиот македонски ракометен репрезентативец дебитираше како асистент тренер во клубот. Прв тренер на екипата е исто така Македонец, а тоа е Аце Јоновски, а тој е и дел од тренерскиот тим на македонската сениорска репрезентација водена од Кирил Лазаров.

Филип Лазаров не ја прекинува комплетно играчката кариера. Тој тренира со вториот тим на Интерактив, ја одржува формата и ако во текот на сезоната има потреба, одново ќе го облече дресот на првиот тим. Но, засега е на новата функција во клубот.


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk