Фуриозниот Металург со три бода од Охрид

ОХРИД - МЕТАЛУРГ   24-29 (6-12)
Кривокапиќ 6, Шилегов 5, Младеновиќ 4 - Хорват 8, Озтурк 6, Петковски 5



Металург фаќа залет во домашното првенство. Иван Марковски знае што прави, а екипата вади максиумум од себе и денеска како награда добива заслужени три бода од дерби дуелот со Охрид. 
Отворање, односно дваесет и пет минути какви што одамна нема одиграно имаше вечерва Металург. Период кој го круниса со водство од 10-2, водство што на полувреме, за последните пет минути домашните успеаја да го намалат на 6-12. Одбраната помогната од Дупјачанец на голот беше одлична, нападот разновиден. Охриѓани не се снајдоа во клучниот период и потоа беше доцна за нив.

Немаше кам бек на охрид во вториот дел. Металрг ја одржа разликата, аво 45 минута имаше и највисоко водство од девет гола (21-12). 
Охрид од тој момент беше поактивниот тим, намали на пет разлика (17-22), но не дозволи Металург противникот да се понадева на пресврт и го одведе мечот кон сигурна завршница. На нецели пет минути до крајот беше 20-27 и сите дилеми отстранети.



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk