Во струшката драма се поделија бодовите

СТРУГА - Е. ПЕЛИСТЕР 2    30-30 (17-15)
Кастратовиќ 8, Блажевски 7 - Кузманоски 9, П.Петровиќ 7



Струга и Е. Пелистер 2 ги поделија бодовите на натпревар со драматичен финиш по кој и двата тима можат да жалат за пропуштената шанса да го освојат целиот плен. 
Целиот меч беше интересен, секој од тимовите имаше свои пет минути, но како одминуваше времето се чинеше дека трите бода ќе патуваат за Битола, затоа што на семафорот стоеше 20-24 во вториот дел. 
Следеше серија од 5-0 за домашните со која го свртеа резултатот и почна драматична завршница. 

Крајот не беше за тие со слабо срце. При 29-30, Струга промаши, но битолчани избрзаа со контра-напад и не успеаја да го запечата мечот. Згора на тоа, заработија и исклучување, па стружани направија вишок на лево крило од каде што погодија за израмнување. 
Нов напад имаше за водство битолскиот тим, но одбрани Никола Матовиќ, голманот на стружани, а потоа фрли контра напад одново на лево крило. Таму пак мораше брзо да се реагира, па ситуацијата не беше сјајна, но од друга страна немаше ни одбранбен играч. Сепак, голманот на битолскиот тим, Бобан Ристевски го одбрани нерешениот резултат и по ова мечот беше завршен. 

За битолчани ова е чекор назад, по поразот од Тиквеш и сега им оставија место за профит на ракометарите на Т. Пролет во трката за третото место. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk