Македонија ќе игра во „скоцкана“ сала на ЕП 2022

Заврши реновирањето на Феникс Арена (Főnix Aréna) во Дебрецен. Салата во која Македонија на ЕП 2022 ќе ги игра натпреварите од прелиминарниот дел на ЕП.



На нешто повеќе од два месеца до стартот на Европското првенство во ракомет 2022, заврши реновирањето на втората по големина сала Унгарија, што се наоѓа во Дебрецен, вториот по големина град во Унгарија. 

Феникс арена, која за ракомет ќе прими 6.500 гледачи е спремна да ги прими фановите од Македонија, Данска, Црна Гора и Словенија. Салата е изградена во 2002 година, а откако во 2018 година доби група за ЕП, четири години се спремаше, шминкаше поправаше и сега има нов визуелен изглед, подобрени перформанси и технички можности. Поправено е и функционално се што било „запустено“ во текот на 20-те години функционирање

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk