ЛИНК: Охрид го чека Металург на дерби

Вчера се одигра еден меч од осмото коло во Супер лигата, денеска продолжуваат возбудувањата, а колото ќе биде комплетирано утре со натпреварот меѓу Скопје 2020 и Тиквеш.



Гостувањето на Металург во Охрид е натпреварот што денеска ќе го заземе централното место меѓу натпреварите од осмото коло во машката Супер лига.
По овој натпревар ќе имаме многу појасна слика околу битката за 5/6 место, последните две што носат во Плеј оф. Засега екипите на Вардар и Е. Пелистер, Е. Пелистер 2 и Т. Пролет комотни или покомотни од другите, но за двете други места конкурираат четири екипи, а тоа се Бутел, Охрид, Металург и Тиквеш. 
Резултатски Металург е во најлоша ситуација, но денеска би можел да направи крупен чекор напред. Ист план има и Охрид кому домашниот терен му оди во прилог и има улога на фаворит на натпреварот. 

Струга го пречекува Е. Пелистер 2 и може да му ги расипе сметките доколу не биде на нивото од почетокот на сезоната. Пролет и Вардар се фаворити денеска, а утре таа улога ќе ја има и ГРК Тиквеш. 
 
23.10.2021 - САБОТА
16:00 часот РК СТРУГА - РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2
https://www.youtube.com/watch?v=XK_zlu8dWM8
18:00 часот ГРК ОХРИД - РК МЕТАЛУРГ
https://www.youtube.com/watch?v=10hfHfMPuds
19:00 часот РК РАДОВИШ - РК ПРОЛЕТ 62
https://www.youtube.com/watch?v=uAf5fxvTOc0
19:30 часот РК ВАРДАР 1961 - РК ПРИЛЕП
https://www.youtube.com/watch?v=zt1EIotpncg
24.10.2021 - НЕДЕЛА
18:00 часот РК СКОПЈЕ 2020 - ГРК ТИКВЕШ 2014
https://www.youtube.com/watch?v=X5DdUHpa2hE

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk