Македонија ќе има место во ЛШ, Хрватска - не!

Ова е последното рангирање во кое бодови на македонскиот клупски ракомет му носат шампионските титули на Вардар. 



Најновиот клупски ранкиг преку кој се врши дистрибуцијата на местата во Европските купови носи добри вести за Македонија. Шампионот, најверојатно Вардар, одново ќе има директно место во Лигата на шампионите. Годинава за последен пат во вкупниот рејтинг влегуваат бодови од шампионска титула. Таа од 2019 се брои и затоа Македонија има 86 бода и забележа пад од само две места. Напред отидоа Данска и Унгарија. 
Остануваме со четири места во Европа од кои едно е во ЛШ, три во Европската лига. 

Проблемите за македонскиот ракомет и шампион ќе почнат да се наѕираат од сезоната 2023/24. На тој ранкинг бодовите ќе се преполоват затоа што се брише 2019 кога имаше шампионски пехар Вардар и бодовите се собираат од сезоните 2020, 2021 и 2022. Полска и Португалија веројатно ќе не минат, но прашањето е што ќе направат годинава Вардар и Динамо Букурешт, колку бодови ќе собаерат, затоа што можеби тоа ќе биде решавачкиот момент. 

Како што претходно предвидовме, новата ЛШ наскоро ќе биде без препознатливиот шарм на југо-истокот. Веќе испаднаа екипите од Русија, Словенија, Словачка, а годинава на редот дојде е Хрватска.
Хрватска го загуби директното место во Лигата на шампионите и за место во ЛШ ќе треба да го моли ЕХФ за некоја од валјд картите.


Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk