Барса го среди ПСЖ, а Веспрем го среди Флензбург во дербито

Барса го победи (нај)скапиот ракометен тим ПСЖ во дербито на колото во Лигата на шампионите. 



Колективот на каталонците во кои не се истакнуваше никој посебно и квалитетнот на индивидуалците на ПСЖ каде што одвреме навреме се истакнува еден па друг, но никој посебно значеше и комплетно израмнет натпревар во големото дерби на Лигата на шампионите. 
Барса го пречека ПСЖ на меч на кој парижаните гледајќи го составот беа изразити фаворити, но откако ќе ја тргнете хартијата сите предности беа на страната на домашниот, шпански и европски првак. 

Барса и ПСЖ се „влечеа и тегнеа“ 50-тина минути. Имаше убави потези, надмудрување, но за волја на вистината имаме видено и многу поатрактивни натпревари со понеатрактивни актери. 
Средбата се прекрши тоа се бараше од првиот стрелц во ЛШ - Дика Мем. Тогаш колективот исфрли на површина еден индивидуалец. Французинот имаше само еден гол, а потоа во финишот од 45 минута при 18-18, четири напади по ред ја тресеше мрежата на Винсен Жерар за вкупни 23-20, во 50 минута. 
ПСЖ немаше спремен одговор, останува во минус од два-три, а шансите да се вратат во игра им ги скрати голманот Гоназло Варгас и на две минути до крајот, тренерот што се докажува на клупата на Барса, Антонио Карлос Ортега можеше да ги испрати по дома своите кардиолози, затоа што основа за драми веќе немаше. Конечно, 30-27.

Флензбург уште од сега може да прогласи промашена сезона, затоа што не изменаџираа добро и проблемот со повредените играчи им се преслика на теренот. Петти меч без победа (четири порази) и ново удирање од земја доживеаја Германците од северот. 
Веспрем влегува во добар стил, ритам и вечерва си играше со славниот германски тим. Конечните 28-23, не се реални, Унгарците можеа многу поубедливо.

Драмата вечерва беше во Запорожје, каде што Мотор со многу среќа стигна до победа. Украинците имаа 27-27 и пенал на минута и пол до крајот, но Малашинскас не го погоди тој пенал. Потоа Седрик Сориндо промаши шут за водство на Динамо и тоа беше казнето со гол за 28-27 за Мотор. Уште една шанса имаа Романците, но на крајот Камел Алуини не погоди за реми. Конечни 28-27. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk