Врањеш подмладува, познати имиња останаа во „аут“

Европското првенство што во јануари 2020 година ќе се игра во Унгарија и Словачка, полека почнува да се појавува на хоризонтот. За две недели ќе биде првата „Недела на ЕХФ“ во која репрезентациите почнуваат со подготовките за ЕП.



Без потценување и со должна почит кон репрезентацијата на Црна Гора и без преценување на Данска, шансите на Македонија за пласман во главната рунда, во овој многу лош систем по кој се игра ЕП зависат најмногу од дуелот со Словенија. 

Љубомир Врањеш, селекторот на Словенија одреди состав за неделата на ЕХФ со напомена дека веќе почнува да се гради тим за ОИ Париз 2024 година. Подмладувањето на Словенија ќе ги зголеми шансите на Македонија на ЕП, но имаат опасен состав без разлика за кои играчи ќе се реши Врањеш кога ќе дојде моментот. Само тројца играчи се од домашното првенство, сите други се интернационалци кои одработуваат во врвни клубови како Барса, Кил, Келце, Сегед, Веспрем, Мешков, РНЛ... 

За оваа акција, од составот на Словенија отпаднаа неколку познати имиња. Првиот голман на репрезентацијата на пример, Клемен Ферлин не е во составот и веројатно нема да биде ниту на ЕП. Тој има проблем со колената кога се играат турнири, а плус добил и принова во семејството и сака повеќе време за приватниот живот. 
Но, тројца интернационалци, Урх Кастелиц, Урбан Лесјак и новитетот од Рен, Франција - Јоже Базник, се на списокот. 

Изоставени, некои очекувано, некои не, ама подвлечено за разлика од лани и претходно на пример во тимот ги нема Матеј Габер, Дејан Бомбач, Марко Безјак, Матиц Сухолезник, Вид Кавтичник, Драган Гајиќ, Дарко Цингесар...

Подмладената репрезентација на Словенија изгледа вака:
ГОЛМАНИ: Урх Кастелиц (Гепинген), Урбан Лесјак (Хановер), Јоже Базник (Рен)
ЛЕВИ КРИЛА: Тилен Кодрин, Тадеј Мазеј (Целје)
ЛЕВИ БЕКОВИ: Борут Мачковшек, Ник Хенигман (Сегед)
СРЕДНИ БЕКОВИ: Миха Зарабец (Кил), Сташ Скубе (Мешков), Домен Макуц (Барса)
ДЕСНИ БЕКОВИ: Јуре Доленец (Лимож), Матиц Грошељ (Шарт), Тадеј Кљун (Бенфика)
ДЕСНИ КРИЛА: Блаж Јанц (Келце), Гашпер Маргуч (Веспрем)
ПИКЕРИ: Блаж Благотиншек (Веспрем), Кристијан Хоржен (РНЛ) и Вид Потеко (Целје).

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk