Лазаров одбра тим за дуелите со Египет

Селекторот на репрезентацијата на Македонија, Кирил Лазаров, го објави списокот на ракометари од кои ќе се селектира екипата што во „Неделата на ЕХФ“ ќе патува во Египет на контролни натпревари.



Кирил Лазаров го состави тимот за неделата на ЕХФ, период во кој Македонија ќе игра контролни натпревари со Египет.
Прашањето како ќе биде заменет Дејан Манасков е одговорено, Цветан Кузманоски доби повик, а дуото не позиција лево крило ќе се комплетира со Бојан Маџовски. Дарко Кондев, екс играчот на Металург, сега на Тиквеш е на списокот на резервни играчи. 
Составот е комбинација на проверените сениорски сили збогатени со јуниорско-кадетските репрезентативци и генерално нема поголеми изненадувања. 

Собирот на репрезентацијата е закажан на 31 октовмри. 




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk