Е. Пелистер утре на терен, против француските „аутсајдери“

Заврши долгото чекање во Битола. Конечно, битолските фанови заедно со навивачката група „Чкембари“ ќе можат во сала, на прв европски меч на вака засилениот Еурофарм Пелистер. Утре стартува новата сезона во Европската лига, групна фаза. 


Утре гостин во Битола ќе биде Ним, тим составен од француски „аутсајдери“. Да не биде погрешно сфатено, ова не е тим што е аутсајдер во однос на Е. Пелистер, туку тим составен од играчи од кои ретко кој ќе го видите во репрезентацијата на Франција. Потценети се, немаат звучни имиња, а ниту клубот звучи многу познато.
Претпоставуваме дека голманот Реми Десбоне и легендарното крило Мишел Гигу се единствените што на мак-јавноста ќе и значат како имиња нешто повеќе. Другиот дел од тимот, вклучително Баптист и Асеквиљо - не толку. 
А се работи за опасен тим. Многу опасен, според нас, сериозен кандидат за Фајнал фор на Европската лига. 

Минатата сезона во Европската лига имаа неколку одлични резултати како победа во Лисабон над Спортинг и реми со Берлин. Во 1/8 финалето беа елиминирани од Чеховски медведи.
Сезонава - во второто коло го елиминираа тимот на ЦСКА Москва. 
Во Франција во моментов се на третото место, зад ПСЖ и Екс Прованс. Имаат скор од четири победи и два пораза. Поразите им се од ПСЖ и Екс Прованс. Минатата сезона беа на петтото место, зад ПСЖ, Монпеље, Нант и Екс Прованс.

Инспириран Еурофарм Пелистер, поддржан од трибините би можел во Битола да напрви добар резултат, но ќе треба машка борба. И многу трпение и стратегија и памет. Во секој случај, вечерва имаме меч за уживање. 

Средбата почнува во 20:45 часот. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk