Француската репрезентативка Осеан Угола, колабираше на терен по завршувањето на натпреварот во Љубљана меѓу на меч од лигата на шампионите меѓу Крим и Мец.
Непријатна и мачна сцена го одбележа дуелот од Лигата на шампионите меѓу Крим и Мец, меч одигран во Љубљана.
По завршувањето на средбата што ја добија гостинките од Франција (29-28), на теренот се сруши ракометарката на Крим, инаку француска репрезентативка Осеан Угола.
Накратко се освести, но во рамките на истата минута при поздравувањето на екипите, одново се онесвести. Играчите на двата тима направија жив ѕид околу неа додека траеше интервенцијата на лекарските тимови, по што беше пренесена на клиника.
Денеска, од клиниката во Љубљана доаѓаат добри вести. Осеан Угола се чувствува добро, ќе и требаат неколку дена одмор, а потоа најверојатно сето ова ќе биде само лоша епизода.