Металург со победа се прости од Европа

МЕТАЛУРГ - ДУДЕЛАНЖ   22-19 (10-9)
Металург: Иљаз, Младеновска 9, Арсениевска 4, Калајџиевска 2, Гугуљанова 2, Трајковиќ 1, Божиновска 2, Ивановска 1, Коловска 1, Николиќ, Ѓошевска, Темелковска, Тодоров


Металург успеа да го совлада Дуделанж на вториот меч од првото коло од ЕХФ Европски Куп со 22-19. Сепак, завршува со настапот во Европа, затоа што вчера загуби од истиот противник, но поубедливо (18-27). 
Металург денеска го контролираше резултатот, но Дуделажн ја контролираше вкупната ситуација. Македонскиот тим водеше во текот на целата средба, но таа разлика беше се движеше околу два гола разлика и не го доведе во сериозна опасност капиталот на тимот од Луксембург заработен на вчерашниот дуел.
Највисока разлика Металург имаше во 35 минута, 14-10, но веднаш следеа два гола на француската интернационалка во редовите на Дуделанж, Фиона Коларели (10 гола) и работите одново се наместија по желба на домашната екипа.  



Ива Младеновска вечерва блескаше и постигна девет гола од 11 обиди. Ивана Арсениевска со четири погодоци од 10 обиди беше вториот стрелец во тимот. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk