Голман тинејџер го запре големиот Кил

Кил од денеска заостанува два бода зад Магдебург на табелата. Зебрите ремизираа со Лемго, а Магдебург го декласираше Флензбург. 



Жарко Пешевски беше творец на пресврт и втор стрелец на Штутгарт во победата над Балинген (27-26). Жарко Пешевски беше стрелец на пет гола од шест обиди, а два од овие погодоци беа во периодот околу 52 минута кога Штутгарт од 24-25, премина во водство од 26-25 и потоа ја одбрани разликата.
Ова беше само втора победа на Штутгарт во шампионатот, но сега се оддели од фенерџиите Хановер (Фили Кузмановски) и Минден.

Кил на гости кај Лемго замина без Сандер Сагосен и Штефан Вајнхолд и ја плати сметката. Одигра само 21-21 и покрај одличниот Никлас Ландин и надчовечките напори на Дувњак и остатокот од друштвото. 
Вечерва напорите на Кил беа безнадежни затоа што Лемго на голот го имаше Фин Цехер. Овој тинејџер кој пред еден месец наполни 21 година, собра 17 одбрани. Но, тежината на неговите интервенции и фактот дека во серија и тоа во клучните моменти бранеше се, уште повеќе ја зголемува важноста, а освоениот бод има негов потпис. 

Магдебург, пак на списокот на жртви сезонава на кој се наоѓаат Барса, Алборг, РНЛ, Мелзунген... вечерва го додаде и Флензбург. 
Магдебург игра најдобар ракомет годинава, нема пораз досега, а шанса сето ова да го заокружи и круниса ќе има следната недела кога ќе се сретне со Кил. Вечерва Магдебург го надигра, победи, да не кажеме понижи Флензбург. Конечниот резултат е 33-28 (18-13), а во текот на средбата Флензбург често имаше седум-осум гола предност.

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk