ПРВА ЛИГА ГРУПА „А“ - Прв пораз на Вардар Неготино

Младост Богданци му го нанесе првиот пораз на тимот на Вардар Неготино и сега веќе нема непоразени екипи во групата „А“



Веќе нема непоразени екипи во групата „А“ од Првата лига. Младост Богданци односно Младост 1977 го совлада тимот на Вардар Неготино и им го нанесе првиот пораз . Младост победи минимално 26-25, но имаа контрола домашните во текот на целиот меч.
Мите Караиванов со 16 постигнати гола стави свој потпис на оваа победа на богданчани, додека кај неготинскиот состав Ѓорѓи Ташев и Драган Кузманов постигнаа комбинирано 15 гола (8 и 7). 

На другите средби, Драчево го совлада тимот на Борец како гостин 31-23, а Јехона беше подобра од Работнички (38-32).
На табелата со четири победи и по еден пораз, на делба на првото место сега се екипите на Драчево, Младост и Вардар (Н). По нив се Јехона и Работнички со по два пораза, а скопјаните и со натпревар помалку. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk