Одлуката на двата македонски претставника, Чаир и Металург двапати да гостуваат е прилично јасна слика за клупскиот ракомет, а сега стигна и резултатската потврда за нивото.
ЖРК Чаир и ЖРК Металург вечерва се поразни на својот прв настап во ЕХФ Европскиот куп. Македонските екипи решија двата меча да ги играат на гости, а по првиот веќе се на праг на сигурна елиминација. И тоа од екипи од Фарските острови и Луксембург.
ЖРК Чаир е поразен од екипата на Х71 од Фарски острови со цели 17 гола разлика (26-43). ЖРК Металург, пак, загуби во Луксембург од Дуделанж со „само“ девет гола (18-27).