Бутел победи на најтврдиот меч сезонава

БУТЕЛ СКОПЈЕ - ОХРИД   15-14 (10-6)



Вечерва во Скопје се одигра првенствениот натпревар меѓу Бутел Скопје и Охрид, средба што ќе конкурира и најверојатно ќе победи во конкуренцијата за натпревар со најмалку постигнати голови. 
Вкупно 29 гола, од нив 15 во мрежата на Брауновиќ, а еден помалку во таа што ја бранеше Чаневски. 

Многу борба, одлични голмани (Чаневски 18 одбрани, Брауновиќ 11), одлични одбрани, несигурни стрелци и неефективни напаѓачи. Сето тоа вклопено во 60 минути, го донесе овој епилог, со малку подзаборавени цифри. 

Пролет имаше 10-6 на полувреме, што со оглед на постигнатите погодоци се чинеше како солидна залиха, заедно со 15-12 во последните минути се чинеше како гарант за победа, но не беше така.

Голманот Брауновиќ скроти клучен пенал на 15-14 и ги испрати во последната минута охриѓани во напад по реми. Се сплеткаа, не организираа напад и на Бутел му останаа 6 секунди, посед на топка и играч повеќе. 

И тргнаа домашните во напад во односно трошење на шесте секдунди, но не тргна со одбројување и семафорот, па делегатот Драган Начевски ја врати назад акцијата. 
На ова реагираа охриѓани затоа што во тој напад домашните буквално ја фрлија топката кон голманот Брауновиќ, а тој експресно ја врати во контра напад... 
Во повторениот напад, Бутел со две додавања го заврши мечот со актуелниот резултат 15-14. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk