Сагосен: Не знам, ништо не сум решил

Колстад е сериозен во обидот да формира претежно скандинавски дрим тим, но со норвешки регистарски таблички. Сумата што овој клуб ја има предвидено како буџет по две сезони, надминува 7 милиони евра и тоа го става во Топ 10 клубовите во Европа.



Колстад е матичниот клуб на Сандер Сагосен, таму работи и неговиот татко и околу овој норвешки играч се врти целиот проект што треба да биде реализиран со седум милиони евра. 
Кил оправдано стравува. Сагосен има договор до 2023 и одбива да потпише продолжување на договорот што веќе го понудија Германците. Со секој ден се намалуваат шансите тој да остане, велат германските медиуми со добри извори во црно-белиот гигант.

Локалниот весник го интервјуираше Сагосен и нормално го постави „жешкото“ прашање. 
„Не знам. Не сум решил ништо“, останаа без одговор Германците. „Знам само дека имам договор со Кил до лето 2023 и ќе се обидам да уживам во секој момент овде. Овде сум среќен, се ми се допаѓа, а одлуката ќе ја донесам кога за тоа ќе биде време“, изјави Сагосен за Килер Нахрихтен. 

Во меѓувреме веќе медиумите веќе го составија тимот со кој Колстад ќе ја почне својата мисија. Таму покрај Сагосен би требало да пристигне и Јанус Смарасон (веќе потпишан), потоа Торборн Бергеруд, Магнус Род... 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk