Сегед фатен на спиење, Веспрем моќен во Порто

Не многу добра вест доаѓа од Сегед, каде што норвешкиот Елверум го совлада унгарскиот шампион и најави трка за пласман во елиминациите.



Вардар ги потроши домашните џокери на стартот на ЛШ, но сега за црвено-црните доаѓа многу полош распоред во кој секој освоен бод ќе биде голем како „куќа“. 
Денеска од Сегед дојде не толку добра вест која вели дека Елверум го совлада Пик Сегед (34-30) и тоа како гостин, со што најави трка за место во елиминациите, каде ривал ќе му биде македонскиот клуб. На сето ова треба да имаме и предвид дека Мешков Брест се крева од пепелот. 
Во продолжението на сезоната, Вардар пред себе на мегданот ќе го има и приземјениот а силен ПИК Сегед и Елверум со нови крилја. 

Порто вечерва не можеше да излезе на крај со Веспрем. Унгарскиот состав сепак, по играчи, буџет и амбиции е поинаква приказна и тоа се покажа на дело. 
Веспрем победи 30-23 (16-10) и ја враќа самодовербата и го правда реномето, разнишано со ланската многу лоша сезона. Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски повторно блескаше, но овој пат не можеше да го спречи поразот. Официјалната статистика му запиша 14 интервенции на македонскиот голман. 

Барса го преслуша Динамо Букурешет, а Пасквал мораше да му подаде рака на својот наследник Антонио Ортега. Барса победи 36-32 (19-14), Пасквал немаше решение за Дика Мем (12), Алеиш Гомез (7) и Домен Макуц (6), стрелци на 25 од 36 гола за Барса. 
Гурбиндо постигна три, а Дизингер два гола за Динамо  во чии редови блесна Валентин Јонеа со седум од девет. 

Микел Хансен (6), Никола Карабатиќ (5) и Недим Ремили (5) фатија заеднички ритам за ПСЖ, а сметката ја плати Мотор Запорожје. ПСЖ дома победи 40-32 (19-14) со 73% ефект во нападот. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk