Mонпеље од Скопје однесе два бода и семејство од Авганистан

Монпеље вчера му го нанесе првиот пораз на Вардар во Лигата на шампионите. Но, дуелот меѓу шампионите на Европа од 2017, 2018 и 2019 година не е топ вест од гостувањето на Монпеље во Скопје.



Ракометарите на Монпеље во приватниот авион со кој се враќаа имаа необични гости. Десетчлено семејство од Авганистан патуваше заедно со нив од Скопје. 

Историјата на ова авганистанско семејство е необична и мачна. Се работи за некогашниот градоначалник на Гази, неговата сопруга, нивните седум деца и сопругата на највозрасниот син. 
Хакимула Газнивал, поранешниот градоначалник на Гази, воедно и почесен граѓанин на Монпеље од 2003 година во август испратил меил со молба за помош. Тој и неговото семејство биле во делот од цивилната маса и не успеале да се евакуираат од Кабул, а Талибанците им биле зад петите. 
Мејлот кој бил испратен по регуларен пат и имал далеку поголеми шанси да заврши на електронското ѓубре, сепак, бил прочитан и Французите веднаш реагирале. Семејството некако успеало да стигне до Тбилиси, а оттаму во Скопје. 
Вчера, конечно, приказната е комплетирана со среќен крај, односно нов почеток за ова семејство.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk