ЛШ: Пасквал против својата Барса, Митревски против Веспрем

Денеска ќе биде комплетирано четвртото коло од Лигата на шампионите. За македонската јавност, дуелот ПИК Сегед и Елеверум е можеби најважен, за светската, готувањето на Динамо во Барселона.



Последниот натпревар од четвртото коло од групата во која игра Вардар се игра денеска во Сегед. Таму единствениот тим без пораз досега, ПИК Сегед го пречекува норвешкиот Елверум. Оваа средба е важна за Вардар и натамошниот развој на настаните во групата „А“.

Гостувањето на Динамо Букурешт во Барселона, пак, е во центарот на европското внимание. Чави Пасквал, Алекс Пасквал, Седрик Сориндо и Едуардо Гурбиндо вечерва ќе играат против својата Барса.
Има многу што да покаже и докаже Пасквал на овој меч, а нема што да загуби. Ги знае подобро од сегашниот тренер на Барса сите слабости и доблести на овој тим и доколку успее вечерва со Динамо да остане непоразен, тоа ќе биде врвна сензација и жесток шамар не само за новиот тренер, туку и за комплетната управа на Барса. 

Никола Митревски, пак, против Веспрем. Унгарците без повредениот македонски ас Дејан Манасков ќе играат против Порто во Португалија. Порто се покажа како одлична екипа, а Веспрем, пак игра променливо. ногу подобро дома, отколку на гости. 

ДЕНЕСКА ВО ЛШ
18:45  ПИК Сегед - Елверум
20:45  Барса - Динамо Букурешт
20:45  Порто - Веспрем
20:45  ПСЖ - Мотор Запорожје

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk