Вујо: Среќа што не игравме со Бутел

Со право стравував од овој натпревар. Во ниту еден момент резултатски не бевме блиску, во ниту еден сегмент на играта не париравме“ - Веселин Вујовиќ.



Вардар денеска на мечот со Монпеље влезе како фаворит. Можеби прерано крената летвичката, Монпеље покажа дека е екипа од врвна класа, а против такви тимови практично и да нема фаворити. 

По средбата тренерот на Вардар критикуваше:
„Комплетно потфрливме. Ова не беше Вардар што играше на претходните три натпревари. Жал ми е за публиката и амбиентот. Ќе мораме да анализираме, Лигата на шампионите е долго натпреварување, ќе има тука уште многу работи да се случуваат“, изјави на прес конференцијата по натпреварот тренерот Веселин Вујовиќ. 

„Среќа е што денеска не играме првенство со Бутел. Ќе загубевме. Не ги потцеувам, со тоа ние денеска што го игравме, ќе бевме поразени. Можеби не опуштија претходните натпревари. Јас реков и тогаш, мораме да бидеме цврсто на земја, ќе дојдат лоши времиња„.
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk