Алборг се спаси, Мешков стана опасен, Кил и без голмани лесно со Загреб

Одиграни два натпревара од групата „А“ од Лигата на шампионите, во која игра и Вардар.



Мешков Брест одново е опасен тим. Откако во игра се вратија Пешиќ, Пачковски и Малус, а како засилување дојде Стевановиќ, иако споменативе не беа особено истакнати на листата на стрелци, екипата доби ширина, ротација. 
Батист Бобфон со осум гола ги водеше Белорусите кон изненадување, сензација во Алборг. Не успеаја, загубија само со еден гол (33-34). 
Сташ Скубе мечот го заврши со запирка зад името, а кај данскиот состав се врати Палмарсон, со два гола. Рековалесцентот Мелгард како и Скубе, со запирка зад името... 

Кил го совлада тимот на ППД Загреб без особена мака со 36-28 (18-15). Куриозитет од оваа средба е што по првите 30 минути Никлас Ландин и Дарио Квинштет имаа заедно нула одбрани! А Кил сепак го доби полувремето со 18-15. 
Во вториот дел Ландин почна да брани, по нецели десет минути пет одбрани, а водстото на Кил порасна на шест-, осум - десет... 
Не се трошеа многу двата тима, на крајот резултат од кој Кил може да биде задоволен, а ППД Загреб нема да се срами, 36-28. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk