Зелено светло за младинските лиги

Младинските лиги на Македонија, конечно, ќе можат да стартуваат. На денешната седница на Владата, тргната е главната препрека. 



На оваа седница е прифатена препораката на Комисијата за заразни болести да се прифати барањето на Агенцијата за млади и спорт да се дозволи организирање и учество на натпревари во сите спортски во категориите пионери, младинци и кадети без приложен сертификат за вакцинација, со заклучок дека останува препораката да се вакцинираат сите за кои е одобрена вакцинацијата, вклучувајќи ги и децата и младинците од 12 годишна возраст натаму.

Спортските настани во иднина ќе можат да се организираат пред 50% од капацитетот на објектите место досегашните 30. Доказ за примени две дози на вакцина останува задолжителен. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk