Вардар денеска против ранетиот Монпеље

Денеска се играат натпревари од Лига на шампиони, а на терен и тоа во „Јане Сандански“ ќе биде Вардар. Гостин, францускиот Монпеље. 



Вардар влегува во еуфорчно расположение што вечерва треба да биде крунисано на мечот со Монпеље и практично да биде изборен пласман во елиминациите. 
Противникот, пак, е ранетиот лав. Монпеље има најслаб старт во француското првенство во последните 25 години! Дали е квалитетот, невоиграноста, лошото тргување на берзата или нешто четврто, петто, никој не би можел да каже. 
Но, тие одиграа еден врвен натпревар и тоа против Кил па сега прашање е кога ќе повторат такво нешто. Затоа што реално, екипа во која играат Иго Деска, Олафур Гудмундсон, Диего Симонет, Валентин Порт, Марко Паниќ, Жилберто Дуарте е далеку од слаб противник и тоа што сега се случува е некоја моментална фаза што (брзо) ќе биде надмината. 
Тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ, ја прифати улогата на фаворит за својот тим, малку нетипично, можеби избрзано, но веќе констатиравме дека Вардар е во почетна фаза на еуфорија, се чуствува надмоќен или што би рекле во вестерн романите - Вардар е залетаниот воз, а Монпеље стои на шините. 
Новото оружје на Вардар, а тоа е француското трио Оливие Њокас, Кевин Њокас и Жереми Тото тешко дека е новост за денешниот противник. Диало и Моралес исто така не се новост за играчите на Патрис Канаје -  тие од Франција стигнаа во Скопје. 



Подвлечено, Монпеље од наш агол изгледа како најопасниот противник што доаѓа во Скопје. Поопасен од Алборг, згора на се, би рекле и потценет. А не се потценува екипа што има буџет од 8,2 милиони, каде што играат ѕвезди и зналци какви што споменавме. 
Да се надеваме дека Монпеље е вистински во играчко-резултатска криза и дека вечерва нема да биде на нивото на реномето и буџетот, а Вардар ќе има нова блескава партија. 
Натпреварот почнува во 20:45 часот. 

ДЕНЕСКА ВО ЛШ
18:45   Алборг - Мешков Брест
18:45   Кил - ППД Загреб
20:45   Вардар - Монпеље
20:45   Келце - Флензбург

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk