Шамбери најде замена за Портнер

Загреб го извлече најкраткото дрвце во голманската трансфер сага што се одвиваше летово.



Првото домино го турна ПСЖ кога реши во своите редови да ја обнови комплетно голманската линија и го доведе Јаник Грин од Магдебург. 
Празното место што го остава данскиот репрезентативец германската екипа го пополни со шопинг во Франција. Од Шамбери го носат Никола Портнер, голманот со ју-потекло и швајцарски пасош. 
Шамбери потрагата по неговата замена за заврши во ППД Загреб. Филип Ивиќ, голманот кој има искуство од бранење за Загреб, Келце, Гумерзбах и Целје е замената за Портнер во Шамбери. 
Загрепчаните се сега на ред, ќе видиме кому ќе ја предадат штафетата и ќе го испратат на трансфер пазарот.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk