Кадетен без Кањељас со Е. Пелистер

Џуан Кањељас, шпанскиот ветеран кој со Вардар освои пехар во 2017 година, нема да ја почне сезоната во Европската лига.



Џуан Кањељас, еден од најпознатите светски ракометари, сезонава направи изненадувачки трансфер од ПИК Сегед во Кадетен Шафхузен. Транфер што се поврзуваше со почетокот на крајот на неговата кариера во која „нема што нема“ освоено.

Кањељас требаше да биде најсилното оружје на Кадетен, противник на Е. Пелистер во Европската лига. Во второто коло, на 26 октовмри во Шафхаузен се среќаваат овие два тима. 
Кањељас не би требало да биде во тимот. Барем не на терен. 
Шпанскиот бек заработи повреда, фрактура на прст на десната, шутерска рака. Нема да има операција, ќе се третира „традиционално“. Тоа значи и пауза што сигурно ќе биде подолга од две недели, временската рамка во која е дуелот со битолчани. 

Шпанецот ќе биде на клупата на Кадетен, ќе им помага на тренерите, што е чекор кон почнување на нова кариера. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk