Паузираше една година, се врати и се повреди

Франц Земпер и Магнус Род, тоа се двајцата најмалерозни ракометари, со поголем стаж во клиниките отколку на терен. 



Франц Земпер паузираше речиси една година поради повреда. Се врати неодамна на терен, покажа дека бро се враќа во форма и... повторно се повреди. 
Новата дијагноза е делумно скинат страничен лигамент и одново пауза со недели. Ракометарот со кој треба да ја дели минутажата, а тоа е Магнус Род, минува заеднички (долги) периоди во рехаблитација.

Флензбург немајќи многу избор, на почетокот на месецот го ангажираше од Лајпциг леворакиот бек Јулиус Мејер Зибер, ракометар што играше за Германија на Светското кадетско првенство во Скопје во 2019 година. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk