Ужасна вест: Почина екс кометалката Јулија Портјанко

Ужасна вест ја тресе македонската ракометна и целокупната спортска јавнот утрово. Од засега за јавноста непознати причини, утрово починала поранешната ракометарка на Кометал Ѓ. Петров, Јулија Портјанко.

Јулија Портјанко, подоцна Јулија Николиќ во Скопје дојде од Украина и стана член на екипата Еуростандард. Веднаш се издвои со војата борбеност, бескомпромисност и квалитет и веднаш беше преселена во првиот тим. Доби македонско државјанство и до последните денови од кариерата играше и за националниот тим на Македонија, последно во 2012 година. 
Потоа играше Турција и во Франција каде што беше прогласена за најдобар странски играч, а по враќањето во Македонија настапуваше и за екипата на ЖРК Вардар. 
Имаше само 38 години...
Ќе биде запаметена како голем играч, уште поголем човек...

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk