Нови Пазар истапува од српската лига

Управата на ракометниот клуб Нови Пазар од Србија, најави дека ќе истапат од натпреварувањето поради навредите на дуелот во Белград.



Клубот Нови Пазар врши притисок со закани за истапување од српската лига. Оваа екипа гостуваше кај Ц. Звезда, беше поразена на терен, а од трибините била навредувана  на национална и верска основа.
Посебно се огорчени на делегатот кој според нивните зборови не преземал ништо за да се спречи таквото навивање, а ниту транспарент со навредлива содржина не бил отстранет од трибините. 

Епилогот ќе се знае наскоро, новопазарците велат дека се решени да ја платат највисоката сметка. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk