Противник на Е. Пелистер доведе добро засилување

Унгарскиот тим Татабања, пред стартот на Европската лига се засили со репрезентативец на Словачка.



Во редовите на Татабања од Унгарија, противник на Е. Пелистер во групната фаза од Европската лига пристигна 26 годишниот репрезентативец на Словачка Лукаш Урбан.
Овој ракометар во Унгарија доаѓа од Франција, од екипата на Шарт каде одигра една сезона несметајќи ја тековнава, а претходно целата кариера односно осум сезони играше за Татран Прешов. 

Лукаш Урбан е деснорак, своевиден „ол раунд“ играч. Најчесто игра на позиција централен бек, речиси исто толку често и како лев бек, а неколку сезони беше „титлуван“ и како пикер. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk