Македонија и беше проштален меч

Црногорската ѕвезда Мајда Мехмедовиќ, крајот на натпреварот со Македонија одигран синоќа во Никшиќ, го дочека со солзи во очите.



Не беше најавено низ црногорските медиуми, стана јасно откако заврши натпреварот со Македонија и соиграчите почнаа да ја гушкаат и да се поздравуваат со неа. Мајда Мехмедовиќ, една од најпознатите црногорски ракометарки, со солзи во очите ја заврши репрезентативната кариера. 

Таа е втора ракометарка од оставот на Црна Гора што освојуваше медали од ЕП и ОИ која ја заврши репрезентативната кариера по ОИ Токио. Пред неа, поранешната ракометарка на Прилеп и Вардар, Андреа Кликовац објави вест со иста содржина.

foto: mnerukomet.me
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk